Концерт на студентите на ФМУ на Академска сцена во петок

Студентите на Факултетот за музичка уметност за прв пат ќе одржат концерт на Академска сцена при ФДУ, во петок (11.03) од 20:30 часот.

На концертот ќе настапат Георги Калајџиев, Доминика Робе, Вегим Кучи, Мартина Нанеска, Ема Ананиевска, Ѓорѓина Поповска, Тамара Коминовска, Денис Димоски, Полина Тасева, Ива Дамјановски, Кристина Шокароска, Љубица Делева и Лида Алиу, студенти од втора, трета и четврта година. Репертоарот може да го најдете на поканата за настанот.

Концертот е самостојно организиран, како соработка на студентите на ФДУ и ФМУ. Станува збор за трета соработка меѓу двата факултети, после настапот на студентите од ФМУ на Автономна зона и на тридневниот фестивал ДАМЛА.

Влезот е бесплатен.