Концерт на српскиот бенд АманЗаман во сабота во „Блок 20“

Реге-ска групата АманЗаман од Србија, ќе настапи на 25 април (сабота) во клубот „Блок 20“ во Скопје.

Иако бендот е многу популарен меѓу македонската младина, ова е нивен прв настап во Македонија, па затоа и најавуваат целовечерен спектакл. Нивните гостувања на музичките фестивали се секогаш во знакот на позитивната енергија, музичката виртуозност и инспиративната атмосфера, по што се и познати во регионов и пошироко.

АманЗаман во Скопје ќе го промовираат ЕП-то „Ноќ“. Бендот постои од 2008 година, а нивниот прв албум „Само нека гори“ (објавен во 2012-та) се уште се слуша „на големо“. Имаат неколку видео записи од кои најпознати се „Само нека гори“ и „Дувај га“, а деновиве го објавија и најновиот спот за песната „Трип“.

Локална подршка се диџеј Чарли, бендот „Коноп“ со специјалниот гостин Амон Мра, Мемба Квин Мел, Жолти Ман и Мастрафизам Кру, кои се и организатори на настанот.

Повеќе информации за настанот ќе најдете на Фејсбук.