Концерт на Симфонискиот оркестар на ФМУ – Скопје

Концертот на Симфонискиот оркестар на Факултетот за музичка уметност – Скопје, ќе се одржи нво понеделник 31 октомври, во Македонската опера и балет со почеток во 20:00 часот.

Диригент е проф. Сашо Татарчевски, а како солисти ќе се претстават Ана Велиновска (класа на проф. Рита Поповиќ), Динко Стипаничев (класа на проф. Велко Тодевски), Ѓорги Петрушевски (класа на проф. Гордана Јосифова Неделковска), Никола Трајковски (класа на проф. Александар Гошев), Љубица Делева (класа на проф. Олег Кондратенко), Тања Станојовска (класа на проф. Сашо Татарчевски), Лида Алиу и Ѓорѓина Поповска (класа на проф. Љубиша Кировски) и Билјана Камчева (класа на проф. Страшо Темков).

Публиката ќе има можност да чуе дела од Бах, Кусевитски, Хумел, Сен-Санс, Равел, Менделсон, Бизе/Хубај, Пјацола и Хачатурјан.

Влезот е слободен.