Концерт на „Сетстет“ и „Фајтинг виндмилс“ вечерва во Сули ан

Во Сули ан вечерва во 21 часот е најавен концерт на бендовите „Сетстет“ и „Фајтинг виндмилс“. Тие ќе го изведат делото „In C”, што заедно го адпатирале, од американскиот композитор Тери Рајли, пионер на современата минималистичка музика кој твори во полистилистичкиот период на 1960-тите години.

Македонската нео џез-група „Сетстет“ (Sethstat) на сцената е повеќе од 30 години и досега има
осум албуми.

„Фајтинг виндмилс“ (Fighting Windmills) е скопски состав, формиран во 2007 година, во кој
членуваат пет музичари од поновата генерација. Создаваат музика од многу жанровски
влијанија, како пост-рок, пост-панк, слободен џез, амбиентална и современа класична музика.

Концертот се организира во рамки на „Скопско лето“.