Во вторник (20 јануари) во киното Фросина, Младински културен центар ќе настапи саксофонскиот квартет Рига од Латвија, а како следна „Културна приказна“ на ЕУ инфо центарот.
Концертот, во организација на Делегацијата на Европската Унија и амбасадата на Република Латвија во Прага, се одржува по повод латвиското претседателство со Европската Унија.
Влезот е бесплатен, а билети може се резервираат на телефонскиот број на ЕУ инфо центар 329 63 63.
Почетокот на концертот е закажан во 19 часот.