Концерт на RIB во МКЦ

Во Младинскиот културен центар во Скопје, на 22 јануари ќе се одржи концерт на бендот RIB.

Rib го снимија својот прв албум, во јануари 2015, во студиото на Ивица Јанкуловски и својата концертна промоција ја имаа оваа пролет, на бината на Здраво Млади. RIB всушност се новиот проект на екипата од бендот СИЗ и почнуваат да свират во октомври 2014 година.

На концертот во МКЦ ќе биде промовиран винилот за албумот – Something Completely Different.

„Јане (гитара и труба), Ивица (гитара и вокал), Филип (тапани и перкусии) нé водат на едно поразлично музичко патување од досегашните на кои сме навикнати со нивните останати бендови и проекти. Од плажите на Venice Beach преку суптилната атмосферата на њујоршките џез клубови, па сé до скопските летаргични возења на точак“,  се наведува во поканата за настанот.

Гости на концертот ке бидат Khara и The Wise Shouldn’t Stay Quiet . Почетокот е најавен во 21 часот.