Концерт на пијано дуото Пехчевски – Нарашанова во ФМУ

Со изведување на композиции од Бетовен, Шуберт и Мошковски, во четврток со почеток од 20:00 часот во концертната сала на ФМУ, ќе настапи пијано дуото составено од професорот Зоран Пехчевски и Теодора Нарашанова. Тие на концертот ќе изведуваат композиции за пијано за четири раце напишани од Сен-Санс, Мусоргски, Реге и Бах.

Зоран Пехчевски е редовен професор по пијано и камерна музика на Факултетот за музичка уметност со долгогодишно уметничко и педагошко искуство, а во периодот од 2016 до 2018 е декан на Факултетот за музичка уметност.

„Јас студирав во неговата класа и идејата за концертот беше негова. Овој настан го организираме самоиницијативно и со голем ентузијазам. Концерти од ваков калибар се многу ретки бидејќи не многу често професорите решаваат да настапат во дует со нивните студенти“ – изјави Нарашанова.

Таа вели дека за неа најголем предизвик е тоа што со нејзиното музицирање треба што е можно повеќе да се доближи до нивото на нејзиниот професор, Пехчевски.

Теодора Нарашанова е дипломиран пијанист од 2017, токму од класата на професорот Пехчевски. Таа била активен учесник во подготовката и концертите во склоп на музичката академија во Лилиенфелд, Австрија во период од три години 2015-2017, а веќе во 2018 станува доцент на летната музичка академија.

„За мене ова е шанса многу да научам и да напредувам, но истовремено е голема одговорност бидејќи кога свирите дуо пијано или свирите во состав треба да звучите како еден човек, да комуницирате преку музика, а во процесот на подготовка да функционирате како две еднакви еднакви индивидуи“ – вели таа.

Влезот е слободен.