Концерт на „Minstrel’s Gallery“ во „Котур“

Во кафе-филм „Котур“ на 29 мај од 21:30 часот ќе се одржи концерт на составот „Minstrel’s Gallery“.

„Minstrel’s Gallery“ е македонски бенд, оформен во март 2013. Нивната музика е комбинација од разни влијанија, како хеви рок, џез фузија, психоделија, европски фолк, експериментална музика итн, а на кратко ја дефинираат како прогресивен арт рок.

„Покрај компонирањето и свирењето авторска музика, ‘Minstrel’s Gallery’ се занимаваат и со визуелна уметност, а сите слики, цртежи и поеми поврзани со нивната музика ги изложуваат на промоциите, концертите, како и во буклетот од ЦДата“, се вели во најавата за концертот.

Досега бендот има две изданија – „Ignorance leads to Ruin” (2016) и „To…“ (2018), а моментално работат на нов материјал кој ќе се најде на третиот албум.

Бендот е составен од Виктор Танасковски – гитара, мандола, вокал, Слободан Танасковски – флејта, клавијатури, вокал, потоа Даме Јовановски – бас гитара, придружен вокал и Кристијан Тодоров – тапани.

Влезот за концерот е 150 денари.