Концерт на мешаниот хор на ФМУ во чест на композиторот Стефан Гајдов

Концерт на мешаниот хор на ФМУ во чест на композиторот Стефан ГајдовПо повод одбележувањето 110 години од раѓањето на македонскиот композитор Стефан Гајдов (1905 – 1992), Факултетот за музичка уметност во Скопје, организира концерт во чест на овој музички деец.

Концертот е насловен „Од хорското творештво на Стефан Гајдов“ и ќе се одржи во петок (8 мај), во Фоајето на Македонската опера и балет, каде мешаниот хор при Факултетот предводен од професорот – маестро Ивица Зориќ, ќе изведе повеќе хорски композиции од овој автор.

Концертот е со почеток во 19 часот, а влезот е слободен.

Македонскиот композитор Стефан Гајдов со своето творештво дал значаен придонес во развојот на македонската музичка култура и уметност. Најголем дел од неговиот опус заземаат хорските композиции, кои најчесто во себе го носат духот на македонскиот народен мелос.