Симфонискиот оркестар „Меџикал“ под диригентската палка на Џијан Емин утревечер (4 септември) во Гостивар ќе настапат со музичкиот проект „Ну погоди!“, како дел од Парк фестивал.
Мултимедијалниот настан „Ну погоди“, беше премиерно изведен минатото лето на настанот „Филхармонија на отворено“ во Градскиот парк во Скопје.
Голем симфониски оркестар, бенд, вокален ансамбл, диригент и видео-проекции, го чинат проектот „Ну погоди!“ кој ја носи музиката од некои од култните цртани филмови од земјите од Источниот блок, а кои го одбележаа детството на генерациите од 70-тите и 80-тите години – „Балтазар“, „Мечето Ушко“, „Козле Бозле“, „Ну Погоди“…
Темите од концертот се во аранжман на Владимир Николов и изведени во живо, ќе ги следат анимираните филмови што публиката ќе може да го види на големите платна на кои ќе се одвиваат видео-проекциите.
Џијан Емин е еден од најистакнатите музички уметници во земјава, кој зад себе има реализирано мноштво авторски проекти од различни жанрови и форми во земјава и во странство, тежнеејќи да претстави една нова музичка перцепција, да наметне нова звучна естетика која се базира на неговото навистина огромно искуство како уметник.