Концерт на Македонската филхармонија со студентите

Македонската филхармонија и оваа година еден од своите концерти ќе го посвети на надежните млади инструменталисти кои во моментов го стекнуваат своето образование на факултетите за музичка уметност во Република Македонија.

Концертот  ќе се одржи во четврток (4 јуни) во Домот на АРМ. Како солисти ќе настапат осум студенти кои ја положија аудицијата за настап со оркестарот, а кои ќе претстават интересна и разновидна програма: Ѓеорѓи Калајџиев – фагот,Глигор Тасев – гитара, Динко Стипаничев – контрабас, Георгина Поповска – виолина, Тамара Џајковска – флејта, Александар Илијевски – труба и Јована Трајчева – пијано.

Диригент е маестро Ле Фи Фи и на репертоарот се дела од Данци, Родриго, Драгонети, Скоумал, Рајнеке, Мандез и Лист.

Почетокот на концертот е најавен во 20:00 часот, а влезот е слободен.