Концерт на LD Pistolero во склоп на „Таксират 21“

По 6 години од првиот соло албум и само неколку месеци од новиот, LD Pistolero го гази пристојниот пекол на секојдневието и нè носи „Далеку“.

Вака „Таксират“ го најавува утрешниот концерт на LD Pistolero, кој утре (6 декември, недела) од 20 часот ќе одржи свој концерт во Младинскиот културен центар.

Настапот на раперот е најавен како „прв самостоен концерт без реприза“, а во склоп на овогодинешниот „Таксират 21“.

„За новиот албум LD Pistolero вели дека е продукциски мастерпис, лирички прецизен, интересен, доста искрен и многу носталгичен“, стои во најавата за концертот на LD Pistolero.