Концерт на класична музика за деца пред платото на Дом на АРМ во петок

Во петок, пред платото на ,,Дом на АРМ“, во рамките  на Скопско лет 2016 ќе се оддржи концерт на класична музика наменет за децата со наслов „Гудачки квартет во наше маало” .

На концертот ќе бидат изведени дела од Ј.С. Бах, Л.Бокерини, , Ж. Бизе, П.И Чајковски и Офенбах, а посетителите ќе можат да уживаат и во  изведбата на традиционалите македонски песни.

„Со овој концерт ќе им овозможиме на децата да проследат концерт со класична музика на отворен простор и во рамки на манифестација со долгогодишно реноме. Се надевам дека ова ќе биде поттик и за сите други манифестации и фестивали да вклучат концерти за деца во своите програми“, вели Трајковска.

Во гудачкиот квартет покрај Пламенка Трајковска ќе настапат и Наташа Диденко –виолина, Љубица Бошковска – виола и Маја Михајловска на виолончело.

Концертите  насловени како „Гудачки квартет во наше маало“ досега беа реализирани во неколку општини во главниот град и тоа во основните училишта „Лазо Ангеловски“,  ,,Владо Тасевски“ во училиштето за слепи деца ,,Димитар Влахов,, и во “,,Живко Брајковски“ каде се реализираа два концерти – на македонски и албански јазик. Од почетокот на годината Пламенка Трајковска – мали камерни состави реализираа концерти за децата во Кичево и Штип.

Целта на концертите е запознавање и доближување на класичната музика до децата и за учениците од училиштата кои ретко или никогаш не посетиле концерт од класична музика. Посебно внимение е посветено на најмладата публика кај која се побудува интересот за музичките инструменти, виолина, виола и виолончело.