Концерт на камерна музика во Салон 19:19

Концертот на камерна музика со познатите музички имиња Карлос Казанова – кларинет, Смералд Спахиу – виолина, Астерид Проси – виолончело, Сихана Бадивуку – виолина и Блерим Груби – виола, ќе се одржи на 14 октомври во Салон 19:19, во 20 часот.

Блерим Груби е роден во Скопје 1965 година. Освен во Филхармонија, остварувал и уметничка кариера како солист и камерен музичар.Блерим Груби паралелно остварува и уметничка кариера како солист и камерен музичар низ бројни настапи во Македонија, Албанија, Шпанија, Германија, Косово, Италија, Португалија… Блерим Груби е редовен професор на Државниот универзитет во Тетово и на Универзитетот во Приштина.

Аристид Проси е роден 1957 година во Тирана и настапува на бројни сцени во Европа.Реализира трајни снимки за Радио Штутгард, РТВ Албанија, Радио Стикхолм, Радио Женева… Со истиот квартет издадени се 3 компакт диска.

Смералд Спахиу роден во Албанија, од 1996 година е концерт мајстор на симфонискиот оркестар во Балеарес на Палма де Мајорка. Спахиу е основач на инструменталната група “Камерниот оркестар на филм”, кој извршува дејност на аудиовизуелни емитувања на музиката.

Карлос Казанова од Шпанија, студирал на Интернационална Академија Сомер “Моцартеум”, Салзбург(Австрија) Исто така завршил курсеви за техника, толкување и развој на репертоар Ова е еден од најталентираните музичари на неговата генерација и еден од ретките европски кларинетисти кои брилијантно го владее кларинетот во двата постоечки системи, француски и германски. Карлсруе. Тој е првиот Шпанец кој е регистриран за интегрирани квартети за кларинет од финскиот композитор БХ CRUSELL, со солист Волфганг Мејер, со кого го објавил, Sinfonia Кoncertante за два кларинети верзија на Милер и гудачки квартет.

Сихана Бадивукухоџа е родена во Приштина. Дипломирала и завршила посдипломски студии по виолина во Москва. Има учествувано на меѓународни фестивали и има одржано многу концерти во странство. Сихана Бадивуку е концерт мајстор на Косовската филхармонија, член на ансамблот “VIVENDI”, Гудачкото трио KOSOVA. Ангажирана во повеќе жирија на интернационални натпревари во Приштина каде што е и уметнички директор на фестивалите “Kosovakamerfest”.