Концерт на Hugo Race во петок на отворањето на „Паратисима Скопје“

На отворањето на „Паратисима Скопје“ во петок на 12-ти јуни ќе настапи австралискиот музичар Hugo Race кој е воедно и еден од основачите на „The Bad Seeds“, заедно со светски познатиот Nick Cave. Неговиот концерт ќе го најави италијанската музичарка Карлот-та.

Оваа година, саемот брои учество на голем број интернационални автори од Италија, Америка, Данска, Иран, Русија, Србија, Хрватска, Турција, Чиле, Франција, Словачка, Грција, Норвешка, Финска, Кореа, Црна Гора.

Интернационалниот саем на современа уметност Паратисима Скопје, кој ќе се одржи од 12-14 јуни во Младинскиот културен центар, ќе има тридневна програма на настани. Покрај главната уметничка поставка која надминува стотина авторски учества, програмата содржи и многубројни концерти, работилници, перформанси, поетски читања и видео проекции.

Целосната програма на Паратисима Скопје е достапна ОВДЕ.