Концерт на хорот и оркестарот на Македонската опера

Во рамки на фестивалот „Денови на македонската музика“, хорот и оркестарот на Македонската опера под диригентско водство на Бисера Чадловска вечерва ќе одржи концерт.

На програмата се вокално-инструментални дела од македонските композитори Горан Начевски, Ристо Аврамовски, Стојан Стојков и Панде Шахов.

Како солисти ќе настапат Горан Начевски (баритон), Александар Стефановски (бас), Ирена Кавкалевска (мецосопран), Олгица Милевска (сопран) и Ристе Велков (баритон).

Концертот ќе се одржи вечерва (8 април) во 20:00 часот во Македонската опера и балет, а влезот е слободен.