Концерт на холандски студенти на Детската клиника во Скопје

Студентскиот оркестар од Утрехт денеска ќе одржи концерт за децата кои се сместени на Клиниката за детски болести. Музичарите ќе одржат мали концерти на три локации на Клиниката за да ги најмладите кои подолго време се наоѓаат во оваа клиника. Концертите ќе се одржат на одделот за Хемато-онокологија, во Амфитеатарот и игротеката на приземниот спрат.

Основан во 1823 година, Студентскиот оркестар од Утрехт е најстариот симфониски оркестар во Холандија. Овие музичари секоја година посетуваат различна држава при што веќе 17 години на своите тури се предводени од нивниот диригент и уметнички директор Бас Полард.

Во Македонија холандските студенти ќе настапат и во Рамките на Скопско Туристичко Лето, Летниот Фестивал во Битола, во Домот за деца без родители – 11 Октомври и на уште неколку локации. Соработката со Студентскиот оркестар од Утрехт е резултат на соработката на Клиниката за детски болести и Амбасадата на Кралството Холандија.