Концерт на гудачкиот квартет „Мивос“ од САД во Музејот на Град Скопје

Во Музејот на град Скопје, вечерва (6 април) во 20:0 часот ќе се одржи концерт на гудачкиот квартет „Мивос“ од САД, а во рамките на фестивалот „Денови на македонска музика“. На програмата свои македонски премиери ќе доживеат делата на Фелипе Лара, Дејвид Бринјар Францон и Роберт Хонстајн, заедно со светските премиери на квартетите на Маријана Јаневска и Валентина Велковска-Трајановска, како и често изведуваниот квартет „Распеви“ од Гоце Коларовски.

Квартетот „Мивос“, според „Чикаго ридер“, е „еден од најхрабрите и најинтензивни нови музички ансамбли во Америка“ и е верно посветен на изведувањето дела од современи композитори, пласирајќи нова музика пред публика од различна структура. Членовите на „Мивос“ се: виолинистите Оливија де Прато и Џошуа Модни, виолистот Виктор Лори и челистот Мариел Робертс.