Концерт на групата Darkwood Dub во МКЦ

Алтернативниот рок бенд од Белград Darkwood Dub ќе одржи концерт во Скопје, стои во најавата на Младинскиот културен центар.

Групата има настапувано во Скопје во неколку наврати, а според официјалниот Фејсбук настан, ова е вторпат бендот да свири во МКЦ, по претходниот настап во 2000 година, на настанот „Три години РОЗЕ КАДИЛАК“.

Концертот е закажан за 13 февруари (сабота) во Сала 25 Мај (Денсинг Сала), а билетите ќе бидат во продажба веќе од утре (17 декември) до крајот на 2015 по цена од 200 денари. Од 01 јануари 2016 до 12 февруари цената на билет ќе изнесува 300 денари, додека на денот на концертот, билетот ќе чини 400 денари. Билетите можат да се купат на билетраница МКЦ, или преку продажната мрежа на МКТИКЕТС.

Darkwood dab е оформен во 1988 година и зад себе има осум студиски албуми: „Видимо се“ (2011), „Парампарчад“ (1995 г.), „У недоглед“ (1996 г.), „Даркуд даб“ (1997 г.), „Електропионир“ (1999 г.), „Живот почиње у тридесетој“ (2002 г.), „О данима“ (2004 г.) и „Јединство“ (2008 г.). Белградската групата е позната по својот уникатен музички стил.