Kонцерт нa Градскиот дувачки оркестар во Градски парк

Градскиот дувачки оркестар, денеска(14.04) со почеток во 11 часот, ќе одржи параден концерт во Градскиот парк во Скопје.

На концертот ќе бидат изведени познати музички маршови од домашни и странски автори.

Градскиот дувачки оркестар е составен од членови, главно професионални музичари, како и студенти на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Досега, има настапувано на речиси сите значајни манифестации, државни празници, најразлични настани, давајќи им свечена нота.