Концерт на Градскиот дувачки оркестар кај Школка

По повод одбележувањето на Денот на пролетта, Градскиот дувачки оркестар на Младинскиот културен центар ќе одржи концерт кај Школка во Градскиот парк.

Оркестарот ќе изведе композиции од Добсшески, Милер, Харисон, Макартни, Леј, Моцарт, Андерсон, Манквина, Верди, Штрау.

Членовите на Градскиот дувачки оркестар се, главно, професионални музичари, како и студенти од Факултетот за музичка уметност во Скопје.

Досега оркестарот има настапувано на речиси сите значајни манифестации, државни празници и најразлични свечени настани.