Концерт на Гоце Стевковски Секстет во Котур

Вечерва (7 март) во „Котур“ е најавен концерт на Гоце Стевковски Септет. Концертот почнува во 21:30 часот, а влезот е слободен.

Бендот е во состав: Гоце Стевковски (тапани) Трајче Велков ( труба), Кирил Кузманов (саксофон), Гордан Спасовски (пијано), Сашко Николовски (тромбон), Кирил Туфекчиевски (контрабас).

Низ годините Гоце Стевковски има воспоставено репутација како еден од најистакнатите македонски тапанари и перкусионисти. Неговиот деби албум „7 Stories” дава силен концепт и одлично музичко патување, додека второто издание „Homage to a Dreamer” ги надополнува постоечките квалитети во групата на нивниот веќе импресивен список на таленти и достигнувања.

Секстетот на Гоце Стевковски има воспоставено формација која на сцената носи уникатно креативна сила и индивидуалност, со што станува еден од најдобрите џез-бендови во Македонија. По успехот на неговиот втор албум, Гоце Стефковски ја проширува својата кариера со настапи во Македонија, Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Албанија, Америка, реномирани џез-фестивали, вклучувајќи ги и Скопскиот Џез фестивал, Банско Џез фест, Денес е сè џез и многу други.

Со оглед на огромниот успех на „Homage for a dreamer”, креаторите на Spotify’s State of Jazz јап поставуваат песната „Monday“ да биде топ 10-та песна на плејлистата, заедно со светски познати уметници како Тони Бенет.