Концерт на францускиот бенд Wank for peace во „КуЛа“

Францускиот мелодичен панк бенд Wank for peace задутре (12 февруари) со почеток во 20:00 часот ќе одржи концерт во културниот центар „КуЛа“ во Скопје.

Во рамки на нивната јужноевропска турнеја, Французите ќе го промовираат своето последно ЛП издание “Fail Forward“. Со почетната концертна локација во Невер, Франција, Французите ја продолжуваат својата музичка приказна во Србија, а за неколку дена ќе имате прилика да ги слушнеме во скопскиот културен центар „КуЛа“.

Музичкиот панк-хардкор бенд ја започнува својата кариера во 2008 година. Тие издаваат неколку EP изданија и два албуми од кои “What will remain“ е објавен во септември 2011 и “Fail Forward“ во октомври 2014 година. Во меѓувреме тие изведуваат околу 300 перформанси во локално и интернационално опкружување.

Културниот центар „КуЛа“ е отворено место за споделување на креативни и уметнички содржини, а воедно цели кон поттикнување на нови иницијативи во културниот живот на градот Скопје. Тимот на „КуЛа“ го сочинуваат дваесетмина културни работници кои ентузијастички го споделуваат своето слободно време, волонтирајќи во овој културен центар.