Концерт на Франческо Тристано и Џијан Емин вечерва во Филхармонија

Под диригентската палка на Емин Џијан, вечерва, на 23 јули, ќе се одржи концерт на американскиот пијанист, продуцентот и композитор Франческо Тристано.

Во салата на Македонската филхармонија, Тристано ќе биде придружен од оркестарот на Институтот ФЕЈМС, составен од млади музичари од европските земји и од Македонија.

Концертот преставува спој на класичната, електронската и современата музика.

Франческо Тристано е мултиталентиран музичар: пијанист и композитор, кој ги комбинира сите музички стилови. Познат е во електронската, експерименталната и џез музиката.

Билетите за овој концерт можат да се купат преку mk.tickets по цена од 300 денари, додека за студенти и ученици билетот чини 150 денари.