Концерт на Филхармонија со Џијан Емин и Хуан Аткинс во Охрид

Македонска Филхармонија, под диригентската палка на Џијан Емин и американскиот диџеј Хуан Аткинс, ќе одржат концерт каде ќе ја спојат електронска и класична музика. Настанот е најавен во Античкиот театар во Охрид на 2 август, од 22:00 часот.

Тричасовниот музички сет на револуционерот во техно музиката, диџејот Хуан Аткинс заедно со еден од најзначајните музичари на македонската современа сцена, Џијан Емин и мајсторството на Македонската филхармонија, преку квалитетниот звук, визуелните, ласерски форми и артистичка игра на светла и бои, ветува исклучително доживување. Во текот на истата вечер забавата ќе продолжи со “after сетот“ на диџеј Џеф Милс на Плажата Парк.

Организатори на настанот се Izlet Music, Music Incubator, Balance, Sektor 909 поддржани од музичката платформа Neuland која е посветена да создава необични музички и уметнички искуства.