Концерт на џез групата „Нигун“ во Скопје

На 1 јули (среда) со почеток во 21:00 часот, унгарскиот џез бенд „Нигун“ ќе одржи концерт на платото пред Меморијалниот Центар на Евреите од Македонија.

Бендот кој брои четири членови е еден од поуникатните џез бендови чија што музика потекнува од источно европско еврејските традиции. „Нигун“ има настапувано на иста сцена со Дон Бајрон, Френк Лондон, Стивен Берштајн, Михали Дреш и Даниел Само.

Во Скопје ќе се претстават со нивниот нов албум „Лебедик“, но присутните ќе имаат можност да слушнат и останати нивни хитови.