Концерт на Димитар Додовски во скопскиот планетариум

Во рамки на серијалот концерти на современа и експериментална музика, утре (08 јуни) во 21 часот, во уникатната атмсофера на скопскиот планетариум ќе настапи Димитар Додовски.

Додовски живее и создава во Битола. Активен на македонската музичка сцена од раните 2000-ти со своја продукција, настапи во живо, како и со диџеј сетови. Неговиот звук вклучува спектар од даб текстури, медитативни и амбиентални звучни пејзажи, new age експерименти, па се до апстрактни мелодиски делници кои пленат со својата хипнотичност.

Покрај неговите соло продукции тој објавува музика и како Moss Garden (со Lee Norris, UK), Post Global Trio (со Мартин Георгиевски и Тони Димитров) за издавачки куќи како Databloem, Carpe Sonum Records, Unknown Tone Records, Shimmering Moods Records, Womblabel. Во последните неколку години интензивно работи и под псевдонимот Нискоградба.

За придружната планетариумска проекција ќе биде задолжен Даниел Анастасов.