Концерт на Cluster & Eno во Планетариумот на МКЦ

Во Планетариумот на МКЦ, во четврток (17 март) ќе се одржи концерт на Cluster & Eno, заеднички проект на германската електронска група Cluster и англискиот амбиентален музичар Брајан Ено, кои се споиле во 1977 година. Нивниот настап ќе почне во 21 часот, во придружба на планетариумска проекција.

Билетите за настапот чинат 100 денари и можат да се купат на билерата на МКЦ, а бројот на посетители е ограничен на 60 места.