Концерт на Брас квинтетот на Филхармонија во пресрет на Денот на Европа

Брас квинтетот на Филхармонија вечерва во 20 часот ќе одржи мини концерт во пресрет на Денот на Европа (9 мај). На концертот ќе настапи и Градскиот дувачки оркестар.

Во Брас квинтетот на Филхармонија свират Александар Ниниќ ( туба), Благоја Василевски (хорна), Стефан Илиев (труба), Горан Арменски (труба) и Никола Ристевски ( тромбон).

На програмата се повеќе дела, а ќе бидат отсвирени и македонската химнa, „Те деум” од Шарпентје (химната на Евровизија) и Бетовеновата „Ода на радоста” врз чии фрагменти се темели химната на Европа.

Концертот ќе може да се проследи на фејсбук страницата на Секретаријатот за европски прашања.