Концерт на „Баклава“ во Скопје

„Со скопски летен ритам, ‘Баклава’ ве кани на концерт. И да врне и да грее, песна ќе се пее“, стои во најавата за новиот настап на „Баклава“.

Концертот ќе се одржи оваа сабота од 20:30 часот, на отворено, на плоштадот „Карпошово востание“ меѓу Старата скопска чаршија и Камениот мост во Скопје.

„Ја промовираме ‘Пендолира’, но и сите нови и стари песни што ги сакате. Дојдете на летна, романтична вечер, ако не сте на одмор“, се вели во најавата.