Концерт на австрискиот дувачки квинтет „Јозеф Хајдн Брас“

Дувачкиот квинтет „Јозеф Хајдн Брас“ од Австрија вечерва на плоштадот „Мајка Тереза“ (Платото пред МОБ) со почеток во 21:30 часот ќе одржи концерт во рамки на „Скопско лето 2018“.

Во квинтетот настапуваат Петер Бауер и Јохан Штангл на труба, Роберт Поперл на тромбон,
Гинтер Клајдости на туба и Флориан Јанежич на хорна.

Концертот се одржува по повод австриското претседателство со Советот на Европската унија.