Концерт на акустичното трио „Good Habits” пред КИЦ

Познати и култни песни на повеќе јазици ќе бидат отсвирени на концертот на триото „Good Habits“, кој ќе се одржи на 14 јуни, вторник, во „Култ парк“ пред Културно информативен центар (КИЦ).

Со почеток во 20 часот, „Good Habits“ пред посетителите ќе изведат акустични изведби на песни од повеќе краеви на светот во џез, фанк и блуз звуци.

Бендот е составен од вокалот Кристијан Гиновски, гитаристот Иван Петровски и басистот Дејан Митровиќ, а триото е оформено во 2021 година.

Кристијан Гиноски e независен артист од Скопје. Примарно се бави со пеење и свирење на гитара, а има членувано во повеќе бендови како бас гитарист. Активно настапува од 2010-та година, со огромен број на акустични настапи, како и настапи со цел бенд. Има учевствувано на повеќе фестивали и настани, дел од нив се: „Скопје стрит фестивал“, два трибјута на бендот “Pink Floyd”, интернационални настапи во Малта и Чешка.