Концерт и изложба во Скопје за националниот ден на Црна Гора

По повод националниот ден на Црна Гора, во понеделник (13 јули) во Музејот на град Скопје ќе се одржат концерт и изложба на уметници од оваа држава.

На концртот, чиј почеток е најавен во 19:30 часот, ќе настапат Миран Бегиќ на виолина иБојан Мартиновиќ на пијано. Еден час подоцна ќе биде отворена изложбата на Милена Мијовиќ Дурутовиќ.

Настаните во Музејот на град Скопје се организираат во рамки на годинешното издание на Скопското културно лето кое секоја година почнува на 21 јуни, првиот ден на летото и „Светскиот ден на музиката” за да заврши на 31 јули.