Композитор од Пенсилванија пишува песни за повеќе од 700 Покемони

Кога композиторот од Пенсилванија Џејкоб Њуман барал инспирација, ја нашол во едно од неговите омилени нешта: Покемон.

Пред седум месеци, 24-годишниот музичар кој настапува под името Jacob Norman Chainsaw-Arm, нашол инспирација за пишување песни во неговите омилени ликови. На крај, решил да направи посебна песна за секој од повеќе од 700 видови кои постојат во Покемон универзумот.

Досега има напишано и снимено околу 100 песни, користејќи повеќе инструменти, пишува Mashable. Во интервју за порталот, тој раскажува како започнал овој проект и колку Покемоните можат да послужат како метафора за човековото однесување.

„Започна со импровизиран стих за Бастиодон“, вели тој, алудирајќи на лик од серијалот кој не е многу сакан од фановите.

„Како што се развиваше, темата на песната беше: „Бастиодон е мојот најмалку сакан лик, но сепак го сакам, бидејќи ги сакам сите Покемони“. Можам да го користам ова како метафора за љубов кон некој кој има многу маани“, раскажува композиторот.

Вели дека неговите пријатели и членови на бендот Great Plain, каде свири и „не специјализира во песни за Покемон“, го поддржуваат неговиот труд.

„Многу од моите пријатели знаат дека сум опседнат со Покемон“, вели Њуман.