Компјутер на Гугл го победи светскиот шампион во една од најкомплицираните игри на светот

Компјутерска програма креирана од Гугл го победи најдобриот играч на кинеската логичка игра го, која се смета за една од најкомплицираните и најкреативните во историјата.

AlphaGo компјутерот го победи Јужнокореецот Ли Седол, светски шампион во го, во првиот од вкупно пет натпревари. Оваа победа се смета за голем чекор напред во развојот на вештачката интелигенција.

Играта го претежно зависи од интуицијата, бидејќи нема многу можности, така што владеењето со оваа игра порано се сметаше дека е вештина која можат да ја совладаат единствено луѓето.

Се смета дека за човек да научи да ја игра го вообичаено му се потребни години.

Експертите за вештачка интелигенција порано мислеа дека ќе бидат потребни дополнителни десет години развој на компјутерите за да бидат доволно добри во некоја игра за да победат човек. Но, минатата година AlphaGo го победи европскиот шампион, а сега и светскиот во една партија.

Извор: Independent