Компанијата Лего одбила да му продаде коцки на кинески уметник

Компанијата Лего одвила да му продаде коцни „на големо“ на уметникот Ai Weiwei, кој сакал да ги употреби за неговата претстојна изложба во Австралија. Но тоа не го спречило кинескиот дисидентен уметник да собере доволно коцки, бидјќи бил преплавен со понуди за донации од луѓе од целиот свет.

Ai објавил на Инстаграм дека Лего ја одбиле неговата порачка во септември, за да му биде испорачана  голема количина коцки со објаснување „дека не можат да оправдаат користење лего коцки за политички работи“. Коцките кинескиот уметник веќе ги користел за да креира портрети на дисиденти кои се во егзил или притвор.

Сепак, по објавувањето на веста, до него стигнале бројни понуди од луѓе подготвени да донираат коцки со цел да биде овозможена неговата изложба, „Andy Warhol/Ai Weiwei“, најавена во декември, во Австралија. Таа треба да содржи 20 портрети на австралиски борци за слобода, поставени во различни градови.

Уметникот кој ѓивее во Берлин каде има тригодишен договор за држење настава додава дека бил навистина зачуден бидејќи Лего одбиле навистина добра понуда.  Првата донација од лего коцки веќе е пратена во Пекинг.

Од Лего пак, во мејл до Associated Press велат „ ние го почитуваме индивидуалното право за на креативно изразување, и не цензурираме, забрануваме или банираме креативна употреба на лего коцки“ Сепак, се додава во нивниот одговор, се воздржуваат од „од активно вклучување или одобрување на употребата на лего коцки во проекти или контексти со политичка агенда”. Од компанијата велат и дека секој може да си купи лего коцки преку нормалните продажни канали, но не и на големо, директно од компанијата.