Компанија од Делчево испуштала отрови во Брегалница

Полицијата од Делчево поднесе кривична пријава против една фирма од овој град и управителот Т.Н.(37) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загадување на добиточна храна или вода“.

Кон крајот на јули, од објектот на компанијата, преку цевката за отпадни води, во реката Брегалница биле испуштени отпадни води со хемиски агенси кои се отровни за животинскиот свет, со што предизвикале опасност за опстанокот на рибите во реката Брегалница, стои во пријавата.