Компанија ќе ја ископува месечината за да донесе скапоцени материјали на Земјата

Компанија која сака да ги ископува природните ресурси на месечината штотуку доби финансиски фонд за да ја изврши својата цел. Moon Express, компанија сместена во Силиконската долина, доби вкупно 45 милиони долари за да најде компанија која ќе ги снабди со вселенски брод и да одат на месечината.

Сега, компанијата е меѓу последните учесници на Lunar Xprize натпреварот на Гугл, кој ќе и даде на најуспешната фирма ровер на месечината вреден 30 милиони долари.

Победникот мора да патува 500 метри на површината на месечината и да испрати квалитетни фотографии назад на Земјата.

Целта на Moon Express е да врати „скапоцени ресурси, материјали и месечеви камења“ на Земјата. Извршниот директор Боб Ричардс го опишува нашиот природен сателит како „неистражениот осми континент“.

„Нашата цел е да ја зголемиме социјалната и економската сфера на Земјата на месечината, нашиот огромен, ненаселен осми континент, и да овозможиме нова ера на евтино истражување на месечината и развој за студентите, научниците, вселенските агенции и комерцијалните интереси“, вели Ричардс.

Moon Express е основана во 2010 година од Навин Џаин, Барни Пел и Роберт Ричардс. Стана првата компанија која доби дозвола од Владата на САД за мисија на месечината минатата година.

Сега, има потреба од дополнителни 10 милиони долари за поддршка и идни вселенски мисии.

Компанијата има за цел да воведе и евтино патување со месечината, за да овозможи наулчни мисии и потенцијални туристички патувања.