Компаниите за телекомуникации и предале на ЕУ податоци за лоцирање на мобилните телефони

Властите ширум светот очајно се борат да го намалат ширењето на коронавирусот, додека потврдените случаи веќе надминаа и 400.000 заразени, а бројката на починати е поголема од 18.000 лица. Европската Унија се обидува да ја надмине кризата преку телефонско лоцирање.

Како што известува „Ројтерс“, осум телекомуникациски компании се согласиле да и овозможат на Европската Комисија информации за лоцирање на телефонските уреди, со цел да го следат ширењето на коронавирусот и тоа, „Дојче Телеком“, „Оринж“, „Телефоника“, „Телеком Италија“, „Теленор“, „Телиа“, „ А1 Телеком Австрија“ и „Водафон“.

Одлуката била донесена во среда, само неколку денови откако комесарот за Внатрешниот пазар на Европската Унија, Тиери Бретон, побарал од компаниите да ги обезбедат податоците.

„Ќе одбереме по еден поголем оператор од секоја држава, сакаме да бидеме брзи и да следиме на дневно ниво“, потврдил Бретон за барањето на податоците преку конференциска средба.

Брентон соопштил дека податоците исто така ќе бидат употребени и за лоцирање на реоните со најитна потреба од медицинска опрема.

За да ја намали загриженоста поради личните податоци, портпарол на Европската Унија за „Ројтерс“ истакнал дека ќе користат анонимни податоци за локација, додавајќи дека податоците ќе бидат избришани што ќе помине кризата.

Сепак, глобалната историја на безбедноста на податоците воопшто не е сјајна, а истражувањата покажуваат дека луѓето можат да бидат ре-идентификувани дури и од анонимни податоци за локација. Оттаму, разбирлива е одбивноста на луѓето за тоа политичките организации да ги следат локациите на луѓето, без разлика од почетната причина. Државното следење и кршење на приватноста се сериозни проблеми, иако веќе се справуваме со многу поголеми.

Извор: Mashable