Компаниите „Муг“ и „Корг“ објавија бесплатни апликации за учење на синтисајзер

Компаниите за синтисајзери истакнале дека ова е подарок за да се шири позитива, креативност и експресивност.

Додека коронавирусот го обиколува светот и ги затвора училиштата, работните места и јавните настани, владите и заедниците потикнуваат на самоизолација.

Проблемот е во тоа што самоизолацијата може да биде бескрајно досадна, но за оние музичари кои сакаат да го окупираат своето време, компаниите „Муг“ и „Корг“ го најдоа решението.

Двете компании за синтизајзери ги направија апликациите за изучување на синтисајзер бесплатни. И двете апликации се достапни тука.

Компанијата „Муг“ истакнала дека ова е подарок за да се шири позитива, креативност и експресивност.

„Ова е време да успориме, да ја цениме нашата внатрешна сила и да ја почувствуваме силата на звукот“, дополниле од „Муг“.

Компанијата „Корг“ соопштила дека сака да помогне за време на масовната самоизолација.