„Комити“ организираaт пункт за настраданите од поплавите денеска пред Соборен храм

Навивачката група на Вардар „Комити Запад“ изразува сочуство за жртвите и денес организира хуманитарна акција за настраданите од поплавите во Скопје. Акцијата ќе започне во 14 часот, пред Соборен храм „Св. Климент Охридски”, за која навивачите велат дека секоја помош е добредојдена.

„Во прилог на вонредната ситуација во Скопје, стапивме во контакт со градоначалникот на град Скопје. Од наша страна беше понудена помош до сите надлежни институции, на кои деноноќно им стоиме на располагање. Ги повикуваме сите наши членови да се приклучат во нашите акции“, велат од „Комити Запад“, додавајќи дека однапред се заблагодаруваат сите хумани граѓани.

Голем број на граѓани вчера самостојно се организираа и направија пунктови на повеќе локации, каде собираа помош за поплавените.

Во чест на 21-та жртва на поплавите во саботата, денес е прогласен Ден на жалост. Најголем дел од жртвите се од приградските населби Сингелиќ, Стајковци, Црешеви и обиколницата кај Смилковци. Најмладата жртва на поплавите има само две години.

На седницата на Владата беше одлучено и наредните 15 дена скопскиот и тетовскиот регион да бидат прогласени за кризни места.