Комитетот за заштита на новинарите бара истрага за нападите во Грција од анти-бегалски демонстранти

Грчките власти треба брзо и темелно да ги испитаат нападите врз новинарите што го покриваат бегалското движење и да обезбедат безбедност на новинарите кои известуваат за настани од јавен интерес, соопшти вчера Комитетот за заштита на новинарите.

На 1 март, група грчки демонстранти на пристаништето Терми во Лезбос, се обиделе да ги блокираат мигрантите кои патувале во Грција од Турција. Исто така, ги нападнала новинарите кои го покривале пристигнувањето на мигрантите, објавија новинарите на  социјалните мрежи.

„Грчките власти треба брзо и темелно да ги испитаат нападите врз новинарите што го покриваат бегалското движење и да обезбедат тие да можат да продолжат да известуваат безбедно и без страв. Грчката полиција има обврска да ги заштити медиумските работници“, изјави координаторот на Комитетот за заштита на новинарите на Европа и Централна Азија, Гулноза Сaид.

Демонстрантите го натепале фотографот Мајкл Тремер и ги фрлиле неговите фото-апарати во водата, објави новинарот на Твитер.

Преку апликација за разменување пораки, Трамер го известил Комитетот дека отишол во брза помош после нападот со повреди на главата, каде добил конци на главата, па откако му била направена рентген снимка бил пуштен.

Комитетот контактирал и со другите новинари кои се наоѓале таму, но не добиле одговори веднаш, а потоа неколку нивните искуства ги споделиле на Твитер.

Демонстрантите исто така го нападнале и натепале фотографот Рафаел Нипинг, го удриле со стативот на неговиот фотоапарат, а со стапови го нападнале новинарот Гиоргос Кристидес од „Дер Шпигел“, додека тој бил во автомобил и се обидувал да известува од терен.

Според него, напаѓачите граделе блокади на патиштата за да ги опструираат новинарите и активистите за човекови права.

Фотографот Џулијан Буш, пак, објави видео на кое наводно се гледа како локалните жители фрлаат со стапови кон автомобилот со кој се возеле тој и новинарката Франциска Грилмеир. 

Комитетот побарал коментар од Грчката полиција, но не добиле одговор на нивното барање.