Комисијата за заразни болести ја оцени како стабилна состојбата со Ковид 19, нема нови мерки

Комисијата за заразни болести оцени дек состојбата со ширењето на Ковид 19 во земјава е стабилна, поради што не препорачаа воведување нови мерки, односно враќање на дел од старите мерки за спрелување на ширењето на коронавирусот.

Тие, на денешниот состанок ја разгледувале епидемилошката, при што утврдиле лесно зголемување на позитивни од тестирани за Ковид 19 има во Скопје и Тетово.

„Според анализите во Тетово ширењето на вирусот е поради непочитување на препораките и протоколите при организирање семејни веселби и друг тип веселби во затворен простор. И покрај бројот на активни случаи и позитивни од тестирани за Ковид 19, состојбата е стабилна, а во болниците нема притисок од хоспитализации. Комиисјата за заразни болести во моментов останува на досега прпорачаните мерки, кои би се заостриле во моментот кога ќе се укаже таква потреба“, стои во соопштението кое го пренесе Министерството за здравство.

Оттаму апелираат граѓаните да се придржуваат кон препораките за заштита и спречување на ширење на вирусот Ковид 19.