Комичарот Стивен Колбер под истрага поради „непристојна шега насочена кон Трамп“

Забелешките на Стивен Колбер за претседателот на САД, Доналд Трамп ќе бидат истражувани од Федералната комисија за комуникации, според директорот на телото.

Во четвртокот, директорот Аџит Паи изјавил дека комисијата добила неколку поплаки, откако Колбер рекол: „Единственото нешто за што е добра устата на Трамп, е да биде држач за пенисот на Владимир Путин“, во живо на неговото шоу во понеделникот.

Откако шоуто се емитувало во понеделникот, хаштагот #FireColbert (Отказ за Колбер) станал популарен на Твитер, а некои ја нарекле шегата на водителот „хомофобична“.

Телевизијата ЦБС може да се соочи со парична казна доколку Комисијата пресуди дека шегата била непристојна.

Во средата, Колбер изјави дека „можел да промени неколку зборови кои биле посурови од тоа што треба да бидат“, но потврди дека пак би го направил истото доколку добие можност.