„Комбо“ собира е-отпад и метални предмети за саботниот настан „Киберпанк“

Чвор од кабли, гуми, скршени ламби, застарени технологии и рѓосани метали, се само дел од секојдневните елементи кои може да се најдат во подземјето на било кој киберпанк филм.

„Japan@net.mk (@japan.net.mk) организира многу кул настан во ‘Лабараториум’ (@lab.ratorium) на 10 мај, а ние и вие? Може да им помогнеме тоа да изгледа многу добро“, велат од Здружението „Комбо“, кои собираат е-отпад и разни метални предмети за потребите на саботниот настан „Киберпанк“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @kombo.creativestudio

„Имаш нешто што не ти треба, а мислиш би изгледало добро во ова сценарио? Донеси го во ‘Комбо’ на 8 мај (четврток) и 9 мај (петок) од 10 до 18 часот, или во ‘Лабараториум’ (четврток) од 13 до 17 часот, и најди си го во сабота на ‘Киберпанк’“, посочуваат од „Комбо“.

Од таму посочуваат дека донесените предмети после настанот ќе бидат донирани, ре-искористени, обоени, но никако фрлени.