[Колумна] Марко Боко за ЕУ идејата од младинска перспектива

Се викам Марко, имам 23 години и студент сум по политички науки,  роден на третиот по големина остров во Хрватска- Брач каде што живеев до свои 19 години. Доаѓам од големо семејство и имам уште две сестри и браќа, но моето семејство се исели од островот на копно, во близина на градот Сплит кога јас ги почнав моите студии во Загреб во 2009 година.

[Колумна] Марко Борко за ЕУ идејата од младинска перспективаПолитичката наука ми беше прв и единствен избор уште од основното училиште. Се уште ја гледам политиката како игра на идеологии во се што ме опкружува, посебно поради тоа што јас сум „дете на војната“ и за жал таа се уште е длабоко присутна во секоја пора на хрватското општество. Но, и покрај тоа што сум длабоко заинтересиран за националниот и балканскиот секојдневен политички/културен живот, јас сум исто така силно посветен на Европа, не само како Европска Унија, туку повеќе на Европа како политички, културен и економски простор.

Кога ги почнав моите студии во Загреб, станав активен во студентските/граѓански иницијативи работејќи на социјалните и работнички права, одговорно однесување кон нашето заедништво, одбрана на јавниот интерес итн. Сепак, младинската работа, права и политики се мојот најголем интерес и страст и во ова европско гледање на нештата најмногу влијае врз мојата и врз работата на колегите. Ова е одлична можност да се сретнат многу млади Европејци и да ја поделат визијата за Европа каква што сакам да ја видам и да живеам во неа еден ден.

Себеси се сметам за Европеец, значи про-европски расположен (или за ЕУ) кога станува збор за ЕУ политиките, но секако не и ЕУ навивач слеп за тоа што се случува. Се уште верувам во европската идеја, но она што го гледам сега не е Европа за која се сонуваше пред 70 години. Сега Европа пропагира вредности како општествена одговорност, солидарност меѓу нејзините граѓани, владеењето на правото и човекови права, но од друга страна со своите погрешни потези, идеи и игнорирање ги поттикнува екстремните десни движења и политички партии што силно се спротивставуваат и го попречуваат развојот на обединета и солидарна Европа.

Овие негативни трендови ме инспирираа да работам на нашата заедничка Европа, почнувајќи од локално и национално ниво во обид да го спојам со европското,  каде што принципот на претставништво треба да биде главна алатка на сите иницијативи. Како што веројатно погодувате, гласав „За“ на референдумот за влез на Хрватска во ЕУ. Постојат огромен број на прашања во врска со тоа дали беше или не ова вистинскиот момент за пристапување на Хрватска кон ЕУ. Се смени ли нешто навистина на подобро од 1 јули 2013 година?

Се уште јас не гледам дека Хрватска работи силно(или воопшто) на ЕУ прашањата, па оттука и не очекувам нешто спектакуларно преку ноќ. Тоа зависи од секој европски граѓанин кој треба да работи на создавање средина во која сакаме да живееме, но ова е и место каде што доаѓа до судар на сосема различни интереси и игнорирањето од тие со вистинска моќ (без потценување на граѓанската моќ) кои ја користат за промовирање екстремни мерки на штедење, нееднаквост, социјална исклученост и други негативни трендови. Не се случува се поради игнорирањето, се разбира, има и недостаток на знаење и разбирање за тоа како обединета Европа треба да реагира и да се однесува кон своите граѓани.

Оттука, поддршката на европската идеја не мора да значи поддршка на постоечката политичка и економска гарнитура, туку поддршка на главните вредности врз кои беше изградена Европа. Од друга страна пак, сосема е легитимно секој да ја предложи сопствената визија за Европа на европската демократска арена. Јас сум сигурен дека ќе продолжам да работам на онаа базирана на доверба, солидарност, социјална одговорност и заедништво, за која се надевам дека ќе стане доволно силна и способна да ги слушне подеднакво сите гласови и да создаде заеднички интереси.

Марко Боко „Мрежа младих Хрватске

Извор: Оpendemocracy