Колумбиска новинарка застрелана од платен убиец пред работното место

Флор Алба Нуњез Варгас била убиена пред радио станицата La Preferida FM во Хуила, на југозападот на Колумбија.

Убиството било снимено на CCTV камера, а на него може да се види дека убиецот е маж со кацига. Варгас (25) била позната новинарка, која јавно зборувала против дрогата, трговијата со луѓе и корупцијата во Колумбија.

Неодамна добила неколку смртни закани на социјалните медиуми, поради нејзиното покривање на неодамнешните локални избори и објавувањето на фотографија од криминална банда, која ја обвинила за упад во банка. Била водителка на популарна радио програма наречена La Preferida Stereo. Работела и како ТВ репортерка.

„Искрено жалиме за убиството на нашата пријателка. Се надеваме дека ова нема да биде уште еден неказнет криминал“, велат од радиото каде работела.

IWMF (International Women’s Media Safety) ги повика колумбиските власти темелно да ја истражат насилната смрт на Варгас.

„Ги повикуваме колумбиската полиција и судот да ги посветат сите потребни ресурси за да се идентификува убиецот и да се осуди секој кој е вмешан во смртта на Нуњез Варгас“, вели Елиса Леес Муњоз, извршен директор на IMWF.

Колумбија продолжува да се бори со честите и неказнети напади на новинарите. Земјата го држи осмото место на Глобалниот индекс за неказнет криминал за 2014 година.