„Колективно дејствување за системска трансформација“ – градење на колективна визија за иднината

Young Friends of the Earth Macedonia“ го организира настанот „ Колективно дејствување за системска трансформација“. Целта на овој настан е да отвори платформа за градење на колективна визија за иднината која ја сакаме за себе и идните генерации (во државата и регионот) и креирање на широка меѓусекторска „Коалиција на Иднината“ од групи и индивидуи кои заеднички ќе создадат и имплементираат чекори кои ќе се стремат кон постигнување на таа иднина. „Young Friends of the Earth Macedonia“ е мрежата на млади на Движење на екологистите на Македонија (ДЕМ).

Ургентноста на климатскиот, еколошкиот и социо-економскиот колапс бара моќно меѓусекторско здружување и усогласување на нашите идеолошки и секојдневни акции и практики, колективитет вкоренет во грижа за заедницата и природата, и заедничко планирање, организирање и градење на локални и регионални решенија за подобрување на животите на нашите семејства и заедници, транснационална солидарност и стремеж кон пост-екстрактивна, праведна иднина.

Настанот ќе се одржи во сабота, во Europe House – Скопје,  а тука можете да го пријавите вашето присуство. За учесници надвор од Скопје, превозот до Скопје ќе биде покриен од страна на Young Friends of the Earth Macedonia во висина на автобуски билет од местото на живеење, со приложување на билетот.

„Young Friends of the Earth Macedonia“ (YFoE MK) е волонтерска мрежа на млади кои се активни на еколошки и социјални прашања во општеството и работат на праведни и одржливи решенија за социјалните и економските глобални и локални проблеми. Како дел од меѓународната мрежа на Young Friends of the Earth Europe, заедно со останатите волонтери се фокусираме на градење на колективна одговорнoст за еколошките, економските, структурните и политичките борби со кои се соочуваме, како и преземање акција за климатските промени, загрозувањето на суверенитетот во храната и земјоделството, образование за одржливост и сл.