Колекционер продава необјавена музика од Тупак

Досега необјавена музика и рачно напишани белешки на раперот Тупак Шакур ќе бидат продадени на аукција.

Неколкуте ЦД-а на кои има песни кои никогаш не биле изведувани во јавност и тетратките со негов ракопис се продаваат на Craigslist. Колекционерот наводно ги купил ретките предмети од неговиот личност чиј татко работел со починатиот рапер.

Веб страницата за продажба на автограми Moments in Time, која има продавано предмети кои припаѓале на Тупак или рекламен материјал од негови кампањи, ќе ја одржи продажбата на предметите. Минатиот октомври веб страницата продала писмо напишано од Шакур додека бил во затвор за 225000 долари.

Новооткриените предмети ќе се продаваат со истата почетна цена на аукцијата.

Мајката на Тупак, Афени, се обидува да ја блокира страницата, а веќе долг период се противи на продажбата на спомени од нејзиниот син.

Шакур беше убиен во престрелка во автомобил во Лас Вегас, во 1996 година. За неговиот живот моментално се снима филмот All Eyez on Me, кој го режира Бени Бум. Улогата на Шакур во филмот ја топлкува Деметриум Шип Јуниор.

Извор: NME