Најголемата компанија за производство на безалкохолни пијалоци, Кока Кола, нанесува огромна штета на околината, произведувајќи повеќе од 100 милијарди пластични шишиња кои се фрлаат, а не рециклираат, секоја година. Новите податоци за негативното влијание врз планетата кое компанијата го причинува, се објавени во нова анализа спроведена од Гринпис.
Минатиот март, компанијата за газирани сокови беше осудена бидејќи одби да објави јавно колку пластика произведува, во анкета зад најголемите шест производители на пијалаци глобално.
Сепак, групата за заштита на екологијата сега тврди дека ја открила употребата на пластика за фрлање која е неприфатливо голема. Тие ги прегледале годишните бројки од продажба на Кока Кола, и пропорцијата која ја претставувале во севкупното пакување од 2012 година.
Користејќи го овој метод, Гринпис заклучиле дека Кока Кола продава бројка меѓу 108 и 128 милијарди пластични шишиња секоја година.
Според истражувањето, најголемата компанија за безалкохолни пијалаци на светот користи дури 60 проценти пластика од вкупните амбалажи кои ги произведува – бројка која е зголемена за 12 проценти од 2009 до 2015 година.
Кока Кола во 2013 година постави цел да го намали загадувањето, и да ги зголеми стапките на рециклирање на амбалажа во развиените земји да пораснат до 75 посто до 2020 година. сепак, анализата на Гринпис од достапните податоци за Кока Кола, од 2013 до 2015 година, покажува дека стапката всушност опаѓа.
„Во недостатокот на јавни податоци од Кока Кола, пресметавме дека произведува околу 100 милијарди пластични шишиња секоја година – неверојатни 3400 шишиња секоја секунда. Истовремено, одбива да преземе одговорност за својата улога во кризата со загадување со пластика. Нашите океани едноставно не можат да сварат повеќе од пластиката на Кока Кола“, вели Луиз Еџ од Гринпис Велика Британија.